Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Повредените во пожарот во Кочани имале проблеми при враќање од Турција, извести Мицковски кој реагирал кај Ердоган- премиерот за истрагата вели: Обвинителството ја води, не се мешам во неа

/

пред 544 дена

Сподели преку :

На дневна основа се разговара и се решаваат проблемите со кои се соочуваат семејствата на 62 млади луѓе кои загинаа, како и со семејствата, чии деца имаат последици по пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, вели премиерот Христијан Мицкоски. Тој најави дека во следниот период лично ќе се сретне и ќе разговара со семејствата на настраданите и повредените. Пред два дена повредени деца кои се враќале од лекување во Анкара имале непријатна ситуација на аеродромот во Истанбул.

Премиерот Мицкоски вели дека граѓаните на Македонија тагуваат по оваа несреќа, а свесен е дека ќе има и политички структури кои, како што рече на „лешинарски“ начин ќе се обидат на трагедијата на семејствата на загинатите и повредените да соберат некој политички поен. Прашан за обвинувањата за селективна истрага, Мицкоски со став дека ја води обвинителството и нема да се меша во неа, а министерот за внатрешни работи го брифира за целиот случај, бидејќи за него ова е прв приоритет.