Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мицотакис: Ниту С-300, ниту Патроит за Украина, тие системи ни требаат на нас

/

пред 910 дена

Сподели преку :

Грција нема да испрати ниту С-300, ниту „Патриот“ во Украина, бидејќи тие се клучни системи за заштита на националниот воздушен простор, истакна грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервју за телевизијата „Скај“, со што ги демантираше медиумските написи дека Атина ќе испорача таков вид на помош за Киев.

Мицотакис откри дека било побарано од Грција, но објасниле зошто не можат да го сторат тоа.

„Грција ја поддржа Украина на различни начини со одбранбен материјал. Но, од првиот момент рековме дека не можеме да ги отстапиме оружените системи кои се клучни за нашата способност за одвраќање. Имавме вишок материјал со кој можеме да ја поддржиме Украина и го направивме тоа и сметам дека тоа е правилно. До степен до кој можеме да најдеме таков материјал, ќе продолжиме да го правиме тоа. Сепак, системите за противвоздушна одбрана се клучни системи за заштита на грчкиот воздушен простор и нема да и бидат доделени на Украина“, објасни Мицотакис.