Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Милановиќ на Фејсбук: Сè додека сум претседател, хрватски војник нема да води туѓи војни

/

пред 676 дена

Сподели преку :

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ објави на Фејсбук дека хрватските војници нема да водат туѓи војни.

„Хрватските војници нема да водат туѓи војни. Додека сме сведоци на глобални промени и конфликти кои можат да имаат непроценливо влијание врз светскиот мир и поредок, дискусиите за можното заминување на војници од одделни членки на НАТО во Украина почнуваат повторно. Додека сум претседател на Републиката, Хрватска ќе ја чувам од вакви конфликти“, напиша Милановиќ.

„Хрватска нема да спроведува туѓи одлуки без размислување и следење наредби, туку ќе биде внимателна и ќе се грижи за својот интерес, постојано ќе го доведува во прашање тоа што се случува околу нас, но ќе биде искрена и лојална на оние со кои потпишала сојуз“, напиша хрватскиот претседател и кандидат за нов мандат, Зоран Милановиќ во статусот на Фејсбук.