Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Минатата власт не водела сметка за аерозагадувањето, а за премиерот тие што сега упатуваат критики биле политички глодари

/

пред 654 дена

Сподели преку :

Минатата власт не водела сметка за аерозагадувањето, а за премиерот Христијан Мицкоски тие што сега упатуваат критики биле политички глодари. И додека политичкиот врв се бави со тоа кој е виновен за загаденоста на воздухот, Скопје секој ден е високо на листата. Како и вчера така и денеска во одреден момент главниот град беше на петтото место во светото по нивото на штетни ПМ честички во воздухот. Според табелата на платформата за мерење на аерозагадувањето „Ај кју ер“,  нивото на ПМ честички беше 181. Со вакви вредности воздухот е категоризиран како „нездрав“.

А решение премиерот понуди од позиција на инженер, а тоа е  дека треба да се промени начинот на затоплување во домовите, но за тоа ќе требаат години.

И од владејачката коалиција Вреди денеска реагираа дека загадувањето на воздухот не е проблем од вчера, туку претставува долгогодишен предизвик, кој бара систематски и стратешки мерки.

„Владата презема активности за воспоставување целосна контрола врз индустриските капацитети, промовирање на еколошки извори на загревање, како и засилена континуирана инспекциска контрола и соработка со локалните самоуправи. Владата за прв пат донесе „Програма против загадување на воздухот 2024-2030“. Владата веќе усвои стратешки плански документ со конкретни програмски цели и проектни пакети, кои таргетираат намалување на емисијата на цврсти честички во градовите. Дополнително, изготвен е и Акциски план за грејната сезона, кој предвидува итни и краткорочни мерки за заштита на здравјето на граѓаните и намалување на аерозагадувањето“ изјавија од ВРЕДИ.

Годишно во Македонија како последица од загадувањето умираат над 3000 лица.

Mарија Митевска