Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Минхенска безбедносна конференција – можност за средба меѓу македонски и бугарски високи претставници за деблокада на евроинтегративниот процес

/

пред 617 дена

Сподели преку :

Минхенската безбедносна конференција е можен простор за средба меѓу македонски и бугарски високи претставници, со цел деблокада на евроинтеграцискиот пат на Македонија. Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека очекува средба на македонскиот министер за надворешни работи, Тимчо Муцунски со бугарскиот колега Георг Георгиев на маргините на конференцијата која започнува на 14 февруари.

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова се надева на деблокирање на процесот и ја истакна важноста на добрососедството и дипломатскиот дијалог. Според неа, постои напредок и има позитивни предлози за отворање на патот за нови кластер преговори со ЕУ.

Од друга страна, Бугарија ја потврди својата позиција за вклучување на бугарското малцинство во македонскиот Устав како услов за почеток на преговорите.