Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мини реконструкцијата на владата завршена, други промени напролет

/

пред 317 дена

Сподели преку :

Мини реконструкцијата на владата по заминувањето на Изет Меџити на градоначалничката позиција е завршена со вчера предложените нови министри, Беким Сали и Мухамед Хоџа.

Во моментов нема да има други промени во владиниот состав. Ова денеска го потврди и премиерот, кој рече дека очекува новите министри да работат чесно, посветено и во интерес на граѓаните.

Не сакаше да открие на која позиција ќе замине министерот кој ќе биде сменет, Орхан Муртезани, велејќи дека е исклучително задоволен од тоа што досега го сработил и очекува нивната соработка да продолжи на друго место. Задоволен е и од работата на министерот за здравство кој, и покрај шпекулациите за негова смена, остана на својата позиција. Алиу, пак, вели дека не се грижи дали ќе биде на функцијата затоа што тоа е политичка одлука.

Министерот за внатрешни работи, кој исто така се спомнува дека ќе биде опфатен со големата реконструкција напролет, вели дека не очекува нешто такво.

Новите министри, Сали и Хоџа, ќе седнат на позициите по именувањето што, според собранискиот претседател, ќе се случи после 15 декември. Кадровски освежувања во институциите се најавени за напролет.

Далиборка Демјанска Цветановска

Дигитална обработка: T.Д.