Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Минималецот ќе ги извади синдикалците на протест

/

пред 281 дена

Сподели преку :

Се поизвесно е дека Синдикатите ќе одат на улица за да се обидат да се изборат за бараните 600 евра минималец. Владата и ССМ во 2026 влегуваат со дијаметрално спротивни ставови околу висината на минималната плата и начинот на кој треба да се пресметува а никаков напредок немаше ниту на последната седница на Економско социјалниот совет каде што минималецот не беше ниту точка на дневен ред.

Владата која е најголемиот работодавач во државата одлучи да се држи по страна по ова прашање а премиерот денес го повтори ставот  – ќе се поддржи било кој договор и висина на плата меѓу синдикатите и работодавачите.

Од ССМ пак не очекуваат да се постигне договор со работодавачите и децидно остануваат на ставот дека 600 евра минимална плата е неопходна за да се парира на зголемените трошоци за живот. Протестите се погласно се најавуваат како начин на кој Синдикатот ќе го артикулира своето незадоволство.

Според ССМ од 1 јануари во Албанија и Косово минималецот ќе изнесува 500 евра додека во Србија ќе се исплаќа сумата од 550 евра.

Oгнен Чанчаревиќ

Дигитална обработка: Т.Д.