Од Министерството за здравство за Телма соопштија дека министерот Таравари заминал за Софија, а од таму продолжува за Солун во Грција.
Во двете земји се пратени на лекување неколку пациенти. Според, изјавите оние кои се најкритични тројца пациенти се на лекување во Софија. Според, информациите од кризен штаб нивната состојба и натаму е критична.
На петмината кои се пратени на лекување во болницата во Солун им се санирани изгорениците , но проблемот е тоа што вдишале премногу чад.











