Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Министерот за поморство на Грција си поднесе оставка по смртта на патникот на траектот на атинското пристаниште

/

пред 1146 дена

Сподели преку :

Министерот за поморство на Грција Милитиадис Варвициотис си поднесе оставка по смртта на 36-годишниот Андонис Кариотис, кој беше турнат во море на атинското пристаниште, додека се обидуваше да се качи на траектот за Крит.

Варвициотис преку Х ги објасни причините за одлуката и соопшти дека неговата оставка ја доставил до грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис.

Меѓу другото вели дека некои негови изјави во изминатиот период биле погрешно толкувани, дека не ги скрил одговорностите што ги има бродската компанија, но и дека во неговата политичка кариера научил да презема одговорност и да не се крие во тешките моменти.