Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Министерството за култура ги објави конкурсите за финансирање на проекти од национален интерес

/

пред 370 дена

Сподели преку :

Министерството за култура и туризам во септември во тековната година за наредната година објавува годишни конкурси за финансирање на проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата.

„Годишните конкурси за 2026 година содржат услови за учество на конкурсите, критериуми и мерила врз чија основа ќе се врши оцена на проектите, процент на учество на Министерството во финансирањето на проектите, рок за доставување на пријавите и други информации. Право на поддршка на конкурсите имаат правни лица регистрирани во Република Северна Македонија во согласност со закон и физички лица, државјани на Република Северна Македонија“, соопштуваат од министерството.

Целта на конкурсите е афирмација и унапредување на културата во сите уметнички области и дејности, презентација и промоција на македонската култура и на културата на заедниците надвор од Република Северна Македонија, поттикнување на креативноста во творештвото, поддршка на врвните уметници и препознавање на перспективните млади уметници, обезбедување заштитата и одржлив развој на културното наследство.

Според Министерството за култура и туризам, годинава, со цел реално евалуирање на проектите и соодветна распределба на средствата, минималната граница за прифаќање на проектите е поместена од 51 бод на 40 бода, а максималните износи на средства за поддршка по одделни видови проекти се зголемени. Исто така, креирани се и нови видови проекти како резултат на иницијативи и креативни концепти на корисниците.

Конкурсите информативно се достапни на веб-страницата на Министерството за култура и туризам www.kultura.gov.mk, a аплицирањето и оваа година се врши исклучиво електронски, преку Националниот портал за е-услуги: www.uslugi.gov.mk. Проектите заедно со бараната конкурсна документација треба да бидат поднесени електронски на системот за е-услуги најдоцна до 31 октомври 2025 година до 15:30 часот.

За сите дополнителни информации во врска со обрасците, можете да се обратите до Министерството за култура и туризам, до соодветното одделение.

https://kultura.gov.mk/…/konkurs-za-godisna-programa

Министерството за култура и туризам денеска ги објави и конкурсите за доделување на државните награди „Мето Јовановски“, „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ и други. Повеќе детали околу условите на следната врска:

 

Дигитална обработка: Б.С.