Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Министерството за здравство ќе го санира потпорниот ѕид на клинички

/

пред 698 дена

Сподели преку :

Министерството за здравство ќе го санира потпорниот ѕид на клинички.

Оваа одлука е донесена по координативната средба во центарот за управување со кризи со претставници на надлежни институции.

Освен обврската на здравство, донесен е и заклучок дека Градот Скопје треба да изработи нов сообраќаен проект со којшто би се редуцирало движењето на тешки товарни возила на овој дел од градот.

Центарот за управување со кризи треба да побара и извештај од водостопански инспектор при Министерството за животна средина и просторно планирање за намената и состојбата на руинираниот канал и каналскиот систем на улицата.

Дел од потпорниот ѕид се урна на 10 јуни, а институциите Министерство за здравство, Град Скопје и Општина Центар си ги префрлуваа надлежностите кој е одговорен.

За случајот алармираше директорот на ЦУК Стојанче Ангелов кој нагласи дека уште пред речиси две години до него стигнале пријави од неколку граѓани дека потпорниот ѕид на улицата „Белградска“ е во лоша состојба, накосен е и постои опасност да падне.