Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

СДСМ обвинува дека министрите потрошиле 30 илјади евра во скапи ресторани

/

пред 538 дена

Сподели преку :

Триесет илјади евра потрошиле министрите за ручеци во скапи скопски ресторани во првите четири месеци од годината, тврдат од СДСМ. Објавија сметки кои се достапни на „Отворени финансии“, а од кои се гледа дека  ручеци и вечери плаќале речиси сите министри, но тројца предничат во трошењето.

Сметките покажуваат дека, најмногу потрошило Министерството за надворешни работи, околу 7.300 евра за ручеци во четири наврати. Зад нив е Министерството за култура, со 5.700 евра, па Транспорт и врски со 5.350 евра за исто така четири посети на  ресторан. Земјоделство, Правда и МВР  потрошиле по околу 3 илјади евра, додека сметките на Економија и Министерството за јавна администрација се околу 50 илјади денари. Зад нив се Образование и Одбрана со околу 40 илјади денари,додека најскромни биле Европски прашања и Министерството за односи меѓу заедниците со 22 илјади, односно 14 илјади денари.

Од владата нема коментар, а од ВМРО-ДПМНЕ вратија со контра-обвинување дека министрите на СДСМ и ДУИ толку трошеле само за една вечер.

Меѓусебните обвинувања на претходната и сегашната партија на власт доаѓаат на Денот на трудот, кога работниците протестираат за повисока минимална плата и подостоинствени услови за работа.

Далиборка Демјанска Цветановска