Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Министрите за одбрана на НАТО во очекување да одобрат долгорочна мисија за поддршка на Украина

/

пред 860 дена

Сподели преку :

Се очекува министрите за одбрана на земјите од НАТО денеска да одобрат долгорочна мисија за поддршка на Украина – на вториот ден од нивниот состанок во Брисел, јави ДПА, повикувајќи се на свои извори.

Досега, сојузниците ја координираа својата поддршка за поранешната советска република преку неофицијална контакт група предводена од САД. Земјите од НАТО разговараат за префрлање на одговорноста на официјалните структури на алијансата.

Се очекува министрите за одбрана денеска да го одобрат планот за формирање мисија на НАТО за безбедносна помош и обука во Украина. Ова ќе и овозможи на алијансата да започне формално да ја координира воената помош за земјата нападната од Русија.

Формирањето на мисијата вчера веќе беше одобрено на пониско ниво, велат извори на ДПА.