Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мирот не се постигнува со оружје – Папата Франциск во велигденската честитка повика на крај на војните во Украина и во Газа

/

пред 936 дена

Сподели преку :

Папата Франциск денеска упати силна порака за крај на војните во Украина и во Газа. Повика на прекин на огнот меѓу Израел и Хамас, како и за ослободување на сите заложници кои ги држи палестинската милитантна група.

Поглаварот на Римнокатоличката црква служеше миса во Ватикан. Церемонии се одржуваат ширум светот по повод одбележувањето на големиот Христијански празник – Велигден кој денеска се слави според Грегоријанскиот календар.

Папата синоќа присуствуваше и на традиционалното двочасовно Велигденско бдеење.