Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски синоќа во емисијата 360 степени на АлсатМ зборуваше за активната блокада во собранието но и уште еднаш потенцираше дека е неопходно да се одржат предвремени избори бидејќи актуелната власт нема капацитет да се справи со кризите.
-Ние пред да ја започнеме оваа активна блокада побаравме од СДСМ и од сите политички партии да направиме посебни работни тела каде што ќе разговараме за многу закони и она што е добро, оние закони што се добри да ги ставиме на седници и заедно да ги изгласаме, но нема разбирање. Едно од барањата и легитимно е на опозицијата е да има предвремени парламентарни избори. Зашто го говориме ова, еве веќе шеста година се на власт а се соочуваме постојано со кризи, имаме криза со пандемија, имаме енергетска криза, имаме огромна криза со воениот конфликт, но имаме и опасна економска криза со сите трошоци за живеење и затоа подаваме рака да седнеме да разговараме, ако немаат капацитет а гледаме дека немаат да се справат со сите овие проблеми и затоа подаваме рака да седнеме да разговараме и сите заедно да ги решиме. Да, легитимно да бараме предвремени парламентарни избори бидејќи гледаме проблемот во државата е владата и сите оние коалициони партнери, рече Мисајловски.
Тој меѓудругото потенцираше дека наместо во собрание да разговараат за закони за формирање на некоја лотарија од која ќе има корист ДУИ, опозицијата бара да се разговара за закони кои се добри за граѓаните и заедно да ги решат.
На таа лидерска што ја побаравме и бевме експресно одбиени , ја не го разбирам тоа зашто, збориме за закони што се добри и заеднички може да ги подржиме. Наместо да разговараме за некои закони коишто се моментално во собрание во комисија не знам што е многу значаен за ДУИ за некоја посебна лотарија да се направи за да има бенефит ДУИ и некои околу нив, дај да разговараме за закони што се системски и што им требаат на сите. Зошто да не одбијат јас навистина не разбирам. Но, од друга страна еве јас ќе бидам целосно искрен, требаше да се види она лице што го има Талат Џафери пред целата јавност бидејќи ова сега што го прави Талат Џафери не е од сега, ова се случува месеци, месеци и години. Целата оваа работа со активната блокада што ја прави ВМРО-ДПМНЕ е со цел да се видат сите погрешни политики, да ни се дозволи нас како парламентарци да говориме, тоа е основно право на сите нас но и сите забелешки против СДСМ што ги имаме да ги презентираме пред целата јавност и на крај да го видиме лицето како се однесува Талат Џафери, рече Мисајловски.











