Министерот за одбрана Владо Мисајловски смета дека во наредната деценија Македонија може да достигне 5% од БДП за буџет на одбраната, бидејќи еден и пол процент од тие пари треба да се трошат за инфраструктура.
Од самитот во Хаг, во разговор за Телма министерот Мисајловски кажа дека еден од приоритетите е набавката на противвоздушна одбрана.











