Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мисата за мир „Вооружениот човек“ да се изведува почесто за да стигне до ушите на луѓето што решаваат за војни

/

пред 248 дена

Сподели преку :

Напишано од британскиот композитор Карл Џенкинс, по нарачка од Кралската оружарница, по повод новиот Милениум и преселбата на оружарницата од Лондон во Лидс, вокално- инстирументалното дело „ Вооружениот човек“ , премиерно ќе биде изведено вечерва од Македонската филхармонија и хорот „ Pro Ars“, под диригентство на раководителот на хорот, Сашо Татарчевски. Базирана на католичката миса, композицијата вклучува текстови и мотиви од разни култури, религии и историски извори и праќа универзална порака за мир. Неа треба да ја чујат тие што решаваат денес за војните низ светот, вели диригентот.

  • Дело кое можеби во денешно време треба почесто да се изведува. Едноставно да се обидеме, пораката која ја испраќа да стигне до ушите на луѓето кои што одлучуваат за работи, за кои никој не би требало да го има правото да одлучува, рече Сашо Татарчевски, диригент и раководител на хорот „ Pro Ars“.

Оваа миса за мир е посветена на жртвите од косовскиот конфликт и генерално на највоениот во историјата, дваесетиот век. Во изведбата се вклучени  и солисти од хорот „Pro Ars “, кој годинава слави 15 години постоење.

  • Од технички аспект треба многу контрола на гласот, за да се издржат различните динамики што се случуваат. За да се претстави таа емоција што треба да ја покажеме во тој дел, кажа Мартина Георгиевска, сопран во хорот „ Pro Ars “.

Комплетното доживување на музиката и пеењето е овозможено со видео во позадина.

Сотир Трајков