Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мисија на САД во НАТО: Безбеден и стабилен Западен Балкан приоритет за НАТО и САД

/

пред 676 дена

Сподели преку :

Одржувањето безбеден и стабилен регион на Западен Балкан е приоритет за НАТО и за САД, соопшти  мисијата на САД во Алијансата.

„Оваа недела, бевме домаќини на шест експерти од Западен Балкан – од Албанија, Босна и Херцеговина, Србија, Северна Македонија и Црна Гора – во седиштето на НАТО, истакнувајќи го нашиот политички дијалог и практична соработка со Западен Балкан“, се нагласува во објава на Мисијата на САД во НАТО на платформата X.

Како што е наведено, за време на посетата бил истакнато ангажирањето на млади, регионалниот мир и безбедност како и спротивставувањето на малигните влијанија, вклучително и дезинформациите, хибридните и кибер закани.