Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Мислев дека ќе го изгубиме“: Први снимки откако во пожар гореше најголемиот носач на авиони

/

пред 121 дена

Сподели преку :

Сериозна штета е предизвикана на американскиот носач на авиони „УСС Џералд Р. Форд“, кога во март избувна пожар на бродот за време на воените операции на САД во регионот на Блискиот Исток.

На видеата од внатрешноста на бродот се гледаат целосно уништени простории во кои бил сместен екипажот. Од креветите останале само изгорени метални конструкции, таваните се сериозно оштетени, а електрични кабли висат од ѕидовите и плафоните. Подовите се покриени со пепел и остатоци од пожарот.

„Сериозно мислев дека ќе го изгубиме бродот. Во таква ситуација имате само два избора – да се борите или да умрете“, изјавил еден од морнарите за Си-Ен-Ен, опишувајќи ги драматичните часови додека екипажот се обидувал да го стави огнот под контрола.