Да не дозволиме да ни се повтори крвавиот четврток! Ваква порака упати СДСМ, потсетувајќи дека денешниот датум е еден од најцрните за македонската демократија.
На 27 април пред 5 години, стотици демонстранти упаднаа во Собранието, напаѓајќи пратеници, новинари и собраниски службеници.
Поради терористичко загрозување на уставниот поредок, на вкупна затворска казна од 25 години беа осудени четворица тогашни функционери, а беа изречени уште неколку пресуди.











