Одлуките во однос на воведените американски тарифи за странските компании од автомобилската индустрија не може да се носат во Македонија. Точно е дека земјава ќе ги трпи последиците, но не може да одлучува и тоа ќе зависи од компанијата која извезува во Aмерика. Се отвора и прашањето колку Европската Унија (ЕУ) има адути да преговара за тарифите за автомобили кои ќе се одразат особено врз фабриките кои произведуваат автомобилски компоненти, е ставот на Виктор Мизо, потпретседател на Стопанска Комора на РСМ, изнесен во најновото издание на „Вин-Вин“ на Телма ТВ.











