На јавната трибина „Млади и претприемништво“, која се одржа вчера, млади претприемачи ги споделија своите искуства и успеси по отпочнување на сопствен бизнис.
Во разговор за Телма, Ангела Петровска и Никола Николовски истакнаа дека младите во Македонија имаат идеи и потенцијал, но честопати се соочуваат со бројни дилеми и предизвици на патот кон започнување сопствен бизнис.
Јавната трибина е во организација на Патриотско друштво.











