Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Млади уништуваат урбана опрема во училиште во Аеродром – градоначалникот објави снимки и најави засилен надзор од МВР

/

пред 107 дена

Сподели преку :

Два дена по ред, околу 22:30 часот, иста група млади лица со мотори вандализираат училишен двор во Аеродром. Превртуваат контејнери и оштетуваат урбана опрема.

Градоначалникот на Аеродром Дејан Митески објави снимки од 12 и 13 јуни на кои се гледаат пет  млади како се во училишниот двор, по што еден од нив се качува на контејнер, а друг го турка. Потоа туркаат и расфрлаат и друг дел од опремата поставена во дворот. Лицата се идентификувани и поднесена е соодветна пријава.

Според Митески, и на други локации имало уништување на урбана опрема, на детски игралишта и други јавни содржини.

Поради ова, тој најави дека од МВР ќе бидат засилени контролите и надзорот на критичните локации.