Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ММФ: Царините на Трамп ќе донесат поголема неизвесност од периодот на пандемијата

/

пред 533 дена

Сподели преку :

Меѓународниот монетарен фонд најави дека глобалната економија влегува во нова ера на неизвесност, поголема дури и од времето на Ковид-19… Главни причини се агресивната царинска политика на САД и зголемената геополитичка тензија, што ја отежнува можноста за сигурни економски прогнози.

Американскиот секретар за финансии, Скот Бесент, остро ги критикуваше ММФ и Светската банка, обвинувајќи ги дека не успеваат да ги исполнат своите основни мандати и дека држат до „нефокусирани агенди“.

И покрај критиките, САД не планираат повлекување од институциите. ММФ предвидува раст на глобалниот БДП од 2,8% во 2025 и 3,0% во 2026, но предупредува дека трговската несигурност е седум пати поголема отколку во октомври 2024. Иако царините создаваат трошоци, непредвидливоста во носењето на тие мерки е најопасна за бизнисите и потрошувачите.