Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија го осуди инцидентот што се случи денеска, при кој непознато лице го скршило стаклото на објектот во кој е сместена Амбасадата на Република Бугарија во Скопје.
„Министерството за надворешни работи и надворешна трговија го осудува инцидентот што се случи денес, во кој непознато лице скрши стакло на објектот во кој е сместена Амбасадата на Република Бугарија во Скопје“, велат од МНР.
Претходно од Министерството за внатрешни работи информираа дека инцидентот бил забележан преку видео-надзорот на амбасадата, при што службеник за безбедност пријавил дека едно лице оштетило стакло на влезната врата на објектот.
Жестока осуда пристигна и од официјална Софија: „Министерството за надворешни работи на Република Бугарија остро го осудува овој чин врз зградата на бугарската надворешна мисија во Македонија – симбол на државноста и официјалното присуство на Република Бугарија во Република Северна Македонија.Ги повикуваме надлежните органи во Република Северна Македонија веднаш да преземат сите потребни мерки за да го идентификуваат сторителот и да го доведат пред целосна кривична одговорност, како и да ја гарантираат безбедноста на бугарските дипломатски и конзуларни претставништва, нивниот персонал и нивниот имот“ – се вели во дописот на бугарското МНР.











