Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

МНР го воведува проектот „Е- Конзулат“

/

пред 1414 дена

Сподели преку :

Министерството за надворешни работи (МНР) го воведува проектот „Е- Конзулат“ преку кој македонските државјани во странство ќе имаат далеку послесен пристап до конзуларните услуги и процесот за вадење на неопходните документи и потврди.

„Наместо да доаѓаат до нашите дипломатско- конзуларни претставништва и да ги поднесуваат апликациите, сега тоа ќе можат да го сторат преку интернет, преку своите мобилни телефони, а за некои од побараните документи, многу наскоро ќе можат и да ги добијат по пошта назад, со што би се скратиле дури две патувања до нашите претставништва”, изјави министерот Бујар Османи.

Целиот процес ќе се одвива електронски, вклучително и добивањето на термин и плаќањето на конзуларната услуга, а меѓу услугите на Е-КОНЗУЛАТ се аплицирање за нов пасош, за патен лист, добивање потврда за државјански статус, потврда од казнена или кривична евиденција, изводи од матични книги, потврда за иста личност, спроводница, уверение за слободна брачна состојба, но и термин за други конзуларни услуги во нашите дипломатско-конзуларни претставништва.