Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

МНР: И за дипломатските и службените пасоши е ист законот како и за „обичните“ патни исправи

/

пред 968 дена

Сподели преку :

„Законската обврска за менување на патните исправи во контекст на имплементација на Договорот од Преспа важи за сите видови патни исправи, вклучувајќи ги и дипломатските и службените пасоши. Министерството за надворешни работи, во февруари 2023 година, ги потсети сите државни институции во Република Северна Македонија дека нивните вработени, како и сите именувани и избрани лица кои имаат право да поседуваат дипломатски или службен пасош треба навремено да ја започнат постапката за нивно менување“, се вели во реакцијата на МНР.

Ваквиот одговор на МНР следи откако вчера двајца пратеници на ВМРО – ДПМНЕ се обидоа на граничен премин да поминат со „обични“ пасоши со старото уставно име, но беа спречени да го поминат граничниот премин. Но откако ги покажаа дипломатските им беше дозволено да го продолжат патувањето. Тие вчера рекоа дека веројатно службениците немале добиено иснструкција како да постапуваат кон имателите на дипломатски пасоши.