Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

МНР: Поради влошената безбедносна ситуација во Либан, нашите граѓани веднаш да ја напуштат оваа држава

/

пред 805 дена

Сподели преку :

Поради влошенета безбедносна ситуација во Либан, Министерството за надворешни работи ги повикува сите наши државјани кои се наоѓаат во оваа држава, истата да ја напуштат во првата можна прилика.

Како што соопшти Министерството, имајќи ја предвид непредвидливата безбедносна состојба на Блискиот Исток, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до граѓаните да ги одложат патувањата кои не се неопходни кон Израел.

Дополнително, македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Израел, да ги следат упатствата на националните безбедносни власти и во зависност од потребата и динамиката на безбедносната ситуација, да го напуштат Израел.

МНР додава дека подетални информации околу актуелните состојби во Израел можат да се најдат на следната веб страна (се отвора само преку серверите на територијата на Израел): https://www.oref.org.il/12481-en/Pakar.aspx​

За повеќе информации, на располагање се СОС дежурните телефони на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија 075/ 273- 732 и 075/ 268-736, како и дежурниот телефон на Амбасадата во Тел Авив +972-54-926-7378, стои во соопштението на Министерството.

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија ќе продолжи да ги следи состојбите во Либан, Израел и регионот и навремено да ги информира нашите државјани за евентуални насоки за постапување.