Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

МНРиНТ со апел до македонските државјани кои се во Мексико да ја напуштат државата во прва можна и безбедна прилика

/

пред 230 дена

Сподели преку :

Поради влошената безбедносна состојба во Мексико, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на оваа држава, истата да ја напуштат во прва можна и безбедна прилика.

Како што се наведува во соопштението на МНРиНТ, во исто време се препорачува одложување на сите патувања кон Мексико кои не се од итен и неопходен карактер.

  • Министерството ги става на располагање сите свои капацитети за асистенција на државјаните на Република Северна Македонија, преку 24-часовниот СОС дежурен телефон: +389 75 268 736, електронската адреса: [email protected], како и преку дежурниот телефонски број на Дипломатско-конзуларното претставништво на Република Северна Македонија во Вашингтон: +1 (202) 758-7798 или на е-маил адресата: [email protected], наведуваат од Министерството.

Оттаму додаваат дека Министерството континуирано ја следи состојбата и навремено ќе ја информира јавноста.

Немири по убиството на „Ел Менчо“, запалени возила и над 14 мртви луѓе

Б.С.