Руски проектил, кој утрово бил погоден од украинската противвоздушна одбрана, падна во село во северниот дел на земјата, објави владата на Молдавија.
„Прозорците во селото Наславцеа се искршија, но нема повредени“, соопшти молдавското Министерство за внатрешни работи.
„Би-Би-Си“ јавува дека украинските власти утрово ја известиле Молдавија за руски напад на браната кај хидроцентралата Дњестер, која се наоѓа на само 10 километри од селото Наславцеа, но дека објектот не е оштетен.











