Дали доматот, ајварската пиперка, месото,овошјето или брашното –колку ќе биде полна корпата на граѓаните и со кои производи ќе се знае веќе од вторник.
Додека министерството за економија ја крои есенската кошничка, граѓаните прават список што од земјоделските и прехранбени производи може да си дозволат да купат.
Велат дека цените во маркетите и на пазарите постојано растат, па може да се најдат домати и до 130 денари, пиперките за ајвар 80 денари, краставиците 60 денари, а цената на грозјето од 80 до 130 денари.
Ќумбињата горат, но оваа зима ќе се јаде зимница поскапа од купечката. Утеха е дека барем е домашна и поздрава без адитиви. Ако, порано одморите и училишната година беа главните трошоци, оваа есен рафтовите со зимница го голтаат целиот домашен буџет.
За неколку дена треба да стапи на сила и Законот за нефер трговски практики .За овој закон во јавноста имаше низа реакции од бизнисот. Дел се согласуваа со ова решение, а дел сметаа дека законот треба да се доработи и одложи неговата примена.
Првично мерката ќе биде на сила најмалку еден месец. Дали ќе се продолжи дополнително ќе се одлучува. Освен есенска кошница, во следниот период се планира да има и божиќна, велигденска и рамазанска кошница.
Но, она што најмногу ги загрижува коморите е тоа што ваквите ад хок мерки може да поттикнат дополнителна инфалција, дел од прозиводите како основна храна да ги снема од рафтовите.
Затоа дел од коморите инсистираат првично од држвата да се откаже од даночните стапки за да се интервенира во цената барем кај основи прехранбени продукти.
Пред десетина дена Владата одлучи да ги замрзне и цените на дел од училишниот прибор, а тие ќе бидат со ограничени маржи до 20-ти октомври. Одлуката, според надлежните е се со цел намалување на цените на производите, а со тоа паралелно да се намалат трошоците на семејствата кои имаат ученици.
Симона Петровска











