Претседателката Гордана Сиљановска не ја знае содржината на правното мислење, совет односно амикус курие на Венецијанската комисија за законот за јазици, бидејќи не ја видела. Но, таа цени дека стручните уставни судии ќе одлучат соодветно и по локалните избори за да нема политички злоупотреби на одлуката на Уставниот суд.
Претседателката вели дека сите знаат дека не смеат да вршат политички притисок врз судството, а во таа категорија ја смести изјавата на лидерот на ДУИ, Али Ахмети за закани за протести поради начинот на одвивање на истрагата за Кочани.











