Прекин во снабдувањето на двата мотора со гориво е веројатната причина за уривањето на авионот на нискобуџетната „Ер Индија Експрес“ минатиот месец, покажува прелиминарниот извештај на истрагата. Во документот на индиското Биро за истрага на авионски несреќи се посочува дека двајцата пилоти биле збунети при промената на режимот прекинувачите од позиција „работи“ во позиција „исклучено“ по само три секунди од полетувањето. Засега е нејасно како дошло до тоа.
Летот кон Лондон на Боингот 787 Дримлајнер на авиокомпанијата „Ер Индија Експрес“ траеше само 30 секунди, пред авионот да се урне во населена област во Ахмедабад во западната индиска држава Гуџарат. Во несреќеата загинаа 260 патници, членови на екипажот, но и луѓе на земја.
Двајцата пилоти се сметаа за искусни и имаа вкупно време на лет од приближно 19.000 часови. „Ер Индија Експрес“ е под зголемен надзор по несреќата. Индискиот регулатор за воздухопловство претходно имал издадено предупредување до авиокомпанијата за кршење на работното време на пилотите. И Агенцијата за безбедност на воздухопловството на Европската унија најави истрага за нискобуџетната авиокомпанија „Ер Индија Експрес“.











