Израелскиот министер за одбрана, Исраел Кац го предупреди врховниот водач на Иран, Али Хамнеи дека би можел да ја доживее судбината на поранешниот ирачки претседател Садам Хусеин, објави Иран Интернешнл.
„Го предупредувам иранскиот диктатор да не продолжи со вршење на воените злосторства и истрелување на ракети кон израелските граѓани. Би требал да се сети што се случи со диктаторот во соседната земја на Иран кој тргна по патот против Државата Израел“, рече Кац.











