Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Можно труење со храна во Штип времено затвори сендвичарница

/

пред 389 дена

Сподели преку :

Сендвичара во Штип времено затворена откако претходно  5 лица појавиле симптоми на труење со храна откако јаделе сендвичи со пилешки стек. Од Агенцијата за храна и ветеринарство велат дека добиле пријавала од Центарот за јавно здравје Штип, за можно труење со храна во сендвичарница – киоск, по што инспекциските служби, вчера спроведоа вонреден инспекциски надзор кај операторот со храна. Биле земени примероци за лабораториско тестирање од инкриминираната храна и брисеви од работните површини, а  сендвичарницата по наредба на инспекциските служби на АХВ е времено затворена се до добивање на резулати од лабораториските испитувања, со кои ќе се потврди нејзината безбедност.