На 5-ти февруари во емисијата „Стисни плеј“ во просториите на Македонската радио-телевизија, беше изгласана конечната одлука за нашиот евровизиски претставник, според гласовите на жирито, Андреа Коевска со песната „Circles“ да ја претставува Македонија на Евровизија во Торино.
Иако МРТ после 7 години го врати натпреварувачкиот карактер на изборот за претставничка песна со што формираше онлајн платформа преку која публиката моежеше да гласа на лесен и бесплатен начин, сепак тоа не беше пресудно кој ќе ја претставува Македонија на овогодинешното издание на Евровизија.
Најмногу гласови од онлајн гласањето имаше песната Супермен на пејачот Виктор Апостоловски која освои 12.621, второрангирана беше песната на Kaly „Love and Light” која освои 7.539 гласа, додека песната на Андреа „Circles” имаше само 4.300 гласови.
Сепак, за изборот на претставник на Евровизија пресудни беа гласовите на меѓународното жири.
Во жири комисијата се најдоја претставници од Малта, Израел, Грузија, Исланд и Ерменија, односно луѓе кои биле членови во евровизиските делегации на нивните земји. Жири-комисијата најмногу гласови и даде на Андреа која со песната „Circles“ треба да ја претставува Македонија на главниот настап на Евровизија.
Андреа треба да настапи во втората полуфинална вечер во четврток на 12-ти мај, а финалето е закажано два дена подоцна, односно на 14-ти мај.











