Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мрзеливи директори на училишта не аплицирале за поевтина струја – министерот Бектеши повика на одговорност

/

пред 1410 дена

Сподели преку :

Рокот за аплицирање за поевтина струја за училиштата истече. Заради мрзеливост и неодговорност половина од основните и средните школи во земјава остануваат на отворениот пазар. Буџетите на општните ќе се трошат за суми и над 400 евра за еден мегават, бидејќи директорите не аплицирале за субвенционираните 95 евра за мегават.

Во меѓувреме владата ја подготвува и новата цена на струјата за домачинствата. Се очекува јавната набавка ЕВН хоум да го објави овој месец, на кој ЕСМ треба да ја достави понудата за новата цена. Според, Бектеши зголемувањето на ддв- то од 5 на 10 отсто нема да предизвика нагорно покачување на сметките кај оние домачаинства кој што трошат струја во гранциите на првиот и вториот блок.

ЕСМ прави напори да го заголеми домашното производство. Од синоќа на мрежа е ТЕЦ Осломеј. Од утре се надеваат дека во погон ќе влезе и Тец Неготино, но за да работи РЕК Битола со 3 блока потребно е повеќе време затоа што надлежните тврдат дека трансформаторот тежок 200 тони е заглавен на границата меѓу Грција- Турција.

Павле Беловски