Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Му нема рамен за тај-брејкови – Ѓоковиќ го доби 31-от во низа на Вимблдон и го израмни рекордот на Пит Сампрас

/

пред 1191 дена

Сподели преку :

Новак Ѓоковиќ дофати уште еден соборен рекорд во своето досие. Во триумфот над Станиславс Вавринка во третото коло на Вимблдон, српскиот тениски ас го запиша 12-от добиен тај-брејк во низа на гренд слем турнирите во една календарска година и се исрамни со Американецот Пит Сампрас кому тоа му појде од рака во 1994 година.

Ѓоковиќ се проби и на третата позиција на вечната листа на победи во низа на Вимблдон. Србинот против Вавринка ја прослави 31-та на лондонската трева и се наоѓа зад Роџер Федерер кој е втор со 40 добиени натпревари едноподруго и лидерот Бјорн Борг кој има една повеќе од Швајцарецот.