Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Му се слоши во емисија во живо – хоспитализиран српскиот министер Глишиќ

/

пред 439 дена

Сподели преку :

Во ургентниот центар во Белград во тешка состојба претпладнево е однесен српскиот министер за јавни инвестиции и претседател на Извршниот комитет на Српската напредна партија, Дарко Глишиќ, откако му се слоши за време на гостувањето на белградска телевизија.

„Се прави дијагностика. Дел од дијагностиката е завршена, вклучена е и терапијата. Станува збор за исклучително сериозна состојба. Она што медицината го знае, ќе се направи“, изјави министерот за здравство Златибор Лончар.

„Се надеваме на успех на терапијата и третманот што се презема, но факт е дека тој е во исклучително тешка состојба“, рече Лончар.

Дел од белградските медиуми јавија дека Глишиќ имал мозочен удар.