Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Му се слоши на еден од обвинетите, повикана Брза помош – пауза на рочиштето за „Пулс“

/

пред 138 дена

Сподели преку :

На денешното рочиште за пожарот во „Пулс“ е дадена пауза, бидејќи на еден од обвинетите му се слошило, поради што била повикана Брза помош да интервенира, беше соопштено во судницата.

Обвинителите изведуваат докази на денешното рочиште. Се приложија видео снимки и фотографии во врска со објектот во кој се наоѓала дискотеката од критичната вечер, но и од годините претходно.

„Ќе може да видите дека постојат околности што се однесуваат на безбедносно значајни аспекти за работењето на овој клуб, правно лигитимиран како кабаре“, беше кажано на денешното судење.

Во пожарот што избувна во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март 2025, животот го загубија 63 лица, а над 200 беа повредени.