Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Муцунски во Софија: Проширувањето претставува стратешка инвестиција во безбедноста, стабилноста и конкурентноста на Европа

/

пред 115 дена

Сподели преку :

Денеска во Софија министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски учествуваше на Состанокот на министрите за надворешни работи на Процесот за соработка на Југоисточна Европа (ПСЈИЕ),
посветен на одбележувањето на 30-годишнината од оваа значајна регионална иницијатива.
– Во своето обраќање нагласив дека ПСЈИЕ останува една од највредните автентични рамки за регионална соработка, создадена од регионот и водена од уверувањето дека заедничките предизвици бараат заеднички одговори. Денес, повеќе од кога било, проширувањето претставува стратешка инвестиција во безбедноста, стабилноста и конкурентноста на Европа. Безбедна и просперитетна Европа не може да биде целосна без целосна интеграција на Западен Балкан, напиша на Фејсбук Муцунски.
Тој истакнува дека кредибилитетот на процесот зависи од испораката. Заслугите мора да имаат значење, обврските мора да се почитуваат, а европскиот пат на регионот мора да биде предвидлив и заснован на резултати.
Со поддршка од нашите европски партнери и преку сопствената посветеност на реформи и соработка, Југоисточна Европа може да биде активен придонесувач кон европската безбедност, просперитет и иден развој.