Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мухамед Зекири осомничен за злоупотреба на службената положба, се бара притвор – тој си поднесе оставка

/

пред 1658 дена

Сподели преку :

Актуелниот генерален секретар во Владата, Мухамед Зекири е соомничен за злоупотреба на службената положба во Владата. Обвинителството за органзиран криминал го сомничи дека заедно со двајца хрватски државјани во периодот од месец април 2021 година до месец јануари 2022 година, со искористување на својата службена положба Зекири без спроведување на соодветна постапка за јавна набавка, склучил договор за консултантски услуги со правно лице во што со умисла му помогнале осомничените хрватски државјани.

Зекири си поднесе оставка на функцијата генерален секретар на владата.

„Со преземените дејствија осомничените за правното лице прибавиле значителна противправна имотна корист во вкупна вредност од 57.932.100,00 денари, а на штета на Буџетот на Р.Северна Македонија. Износ што бил поголем од 795.000 евра, односно од договорениот износ за вршење на консултантските услуги“, соопштија од Обвинителството за органзиран криминал.

Обвинителството цени дека има реална опасност осомничените да се дадат во бегство, како и опасност доколку осомничените ако се бранат од слобода можат да ги уништат трагите побарана е мерка притвор за тројцата осомничени.

Обвинителката Вилма Рускоска денеска изјави дека предметот за истрагата за проневера која е покрената против генералниот секретар на Владата Мухамед Зекири и уште двајца хрватски државјани, Обивнителството го добило во втората половина на 2021 година.