Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Мурати: Ако има протек на НАТО информации, тоа создава недоверба кон институциите

/

пред 137 дена

Сподели преку :

Пратеникот од Коалицијата ДУИ, Сали Мурати, во емисијата „Топ Тема“ коментирајќи ги информациите за наводно протекување доверливи податоци од кабинетот на претседателката, оцени дека случајот мора темелно да се истражи и да има одговорност доколку се утврдат пропусти.

Според него, јавноста за случајот дознала дури вчера, а сè уште се води истрага за тоа дали навистина станува збор за протекување доверливи информации.

„Жално е дека ако има протек од карактер на НАТО информации, се создава слика на недоверливост кај граѓаните кон институцијата претседател на државата. Не може така лесно да протечат информации од таков карактер“, изјави Мурати.

Тој нагласи дека мора јасно да се утврди кој имал пристап до доверливите информации и дали имало институционални пропусти. Мурати, кој посочи дека и самиот бил дел од судството, рече дека е потребна претпазливост во јавните настапи додека трае предистражна постапка. Според него, неусогласеноста меѓу институциите вклучени во случајот дополнително ја нарушува правната сигурност.

„Кај нас за жал сето ова завршува во предистрага и така се крши правната сигурност кај граѓаните. Неусогласувањето на органите вклучени во истрагата прави огромна штета на владеењето на правото“, додаде Мурати.

Тој упати критики и кон начинот на кој функционира Министерството за внатрешни работи, оценувајќи дека институцијата „сè уште работи по урнек од 90-тите години“, иако, како што рече, концепцијата на кривичното право денес е поинаква.

T.Д.