Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

МВР: „Безбеден град“ ќе почне да функционира од 1 февруари во Скопје, Тетово Куманово и по коридорите 8 и 10

/

пред 301 дена

Сподели преку :

МВР соопшти дека системот „Безбеден град“ ќе почне да функционира од 1 февруари во Скопје, Тетово, Куманово и по коридорите 8 и 10, наместо на првично најавениот датум.

Одложувањето доаѓа поради потребата од дополнително тестирање и калибрација.Досегашното тестирање покажа дека дел од камерите не регистрираат прекршувања, особено на автопатите и на влезовите во Тетово и Куманово.

Во повеќе случаи не беа детектирани ни прекршоци при возење над дозволената брзина, ниту пак непочитување на семафорот. Единствено регистрирана опомена имаше на обиколницата во Скопје.

Паралелно со тоа, во Куманово започна поставување на нови камери, а МВР најави и мобилни полициски возила со опрема за снимање за санкционирање непрописно паркирање. Дополнителниот месец, велат од институцијата, ќе служи и за возачите да ги прилагодат своите навики пред почетокот на автоматизираното казнување.