Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

МВР го раскинува договорот за набавка на униформи поради несоодветен квалитет

/

пред 131 дена

Сподели преку :

Министерот за внатрешни работи  Панче Тошковски најави раскинување на рамковната спогодба со една од двете компании задолжени за набавка на униформи за специјалните полициски единици. Станува збор за српската фирма „Памитекс тим“, која била задолжена за еднобојните униформи.

Одлуката доаѓа по извршената суперанализа во странство, која потврдила дека доставените примероци не го исполнуваат бараниот квалитет пропишан во тендерската документација. Покрај раскинувањето на договорот, МВР ќе ја активира и банкарската гаранција од компанијата. Спогодбата можеше да достигне 1,7 милиони евра.

  • Согласно она коешто го имам како информација, а тоа е следното: рокот за достава на квалитетниот материјал којшто требало да биде доставен во форма на униформи е испочитуван согласно оние пролонгирања на рокот коишто се дадени во рамки на закон и во рамки на договорот од страна на една од компаниите. И таа компанија достави униформа којашто била барана согласно правилник, стандард и квалитет, изјави за 360 министерот Тошковски.