Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

МВР: И денешните пријави за бомби се лажни

/

пред 1423 дена

Сподели преку :

Министерството за внатрешни работи информира дека денешните пријави за бомби се лажни.

– Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на училиштата, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, стои во соопштението од МВР.

На електронската адреса на четири училишта во Скопје утринава беше упатена закана за поставена експлозивна направа. Вакви пријави има во изминатиот период во дел од училиштата во главниот град кои по направените проверки е утврдено дека се лажни.

Од Министерството за внатрешни работи велат дека имаат сознанија од каде се ипратени мејловите и дека се работи за хибридна закана.