Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

МВР казнува: Сто и една санкција за непрописно вградени фолии во автомобили

/

пред 241 дена

Сподели преку :

Сто и една санкција била изречена за непрописно вградени фолии во автомобили, во првиот месец од годинава, соопштија утрово од Министерството за внатрешни работи.

– Во периодот од 1 до 31 јануари, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе сообраќајни контроли на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возачи кои не ги исполнуваат пропишаните услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата. При контролата санкционирани се 101 учесник во сообраќајот. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци, пишува во соопштението на МВР.

Од МВР апелираат сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да се придонесе за побезбедни патишта.