Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

МВР спроведува координирана акција за дрога во Скопје и Струмица

/

пред 241 дена

Сподели преку :

Министерството за внатрешни работи соопшти дека, во координација со Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, презема мерки и активности на повеќе локации во Скопје и Струмица поврзани со опојна дрога.

Од МВР информираат дека повеќе детали ќе бидат соопштени по завршување на акцијата.

Според информации објавени од дел од медиумите, синоќа имало полициска опсада на повеќе објекти во Струмица и Струмичко, како и во Скопје.

Наводно, во акцијата се вклучени повеќе институции – полицијата, царината, здравствени служби и јавното обвинителство, а фокусот е насочен кон мрежа на таканаречени „легални“ производители на канабис.

Акцијата доаѓа по заплената на пет тони марихуана од страна на српската полиција во близина на Крушевац минатата недела, за која е соопштено дека била транспортирана од Македонија. Македонското Јавно обвинителство веќе отвори предмет за случајот, а од МВР потврдија дека се преземаат оперативно-технички мерки согласно законските овластувања.

Истрага за 5 тони шверцувана марихуана