Министерството за внатрешни работи известува дека утре, во 07:00 часот, во кругот на Полицискиот центар во Ѓорче Петров, Скопје, ќе бидат уништени гранати кои според стручна анализа не можат да се транспортираат надвор од центарот. Уништувањето ќе се изврши согласно предвидените безбедносни стандарди, со цел да се обезбеди максимална безбедност за граѓаните и персоналот.











