Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

МЗ: Активирана фаза 3 од Акцискиот план за топлотни бранови од 4 до 8 јули

/

пред 465 дена

Сподели преку :

Министерството за здравство ја информира јавноста дека согласно прогнозите од УХМР и врз основа на акцискиот план за превенирање на последиците од топлотни бранови врз здравјето на населението 2025–2030 година, почнувајќи од денеска (петок, 4 јули) се активира фаза 3, што ќе трае до 08.07.2025 година.

На предлог на Министерството, Владата ги донесе следните препораки:

Ослободување од работни обврски за бремени жени и лица постари од 60 години. Оваа препорака не се однесува на вработени во критичната инфраструктура (здравство, полиција, армија, транспорт, енергетика, јавни комунални претпријатија).

Одложување на работниот процес во критичните часови (11:00–17:00) за работници изложени на директна топлина;

Работа од далечина, флексибилно или двократно работно време, каде што е изводливо;

Работодавачите да обезбедат микроклиматски услови за работа согласно акцискиот план: простории со температура до 25°C, освен таму каде што природата на работниот процес налага поинаку;

Активирање на планови за вонредни услови, сите здравствени установи, установи за згрижување на стари лица и образовни институции да постапат согласно интерните протоколи за кризна состојба.

Мерките имаат за цел да обезбедат континуирана и ефикасна заштита на здравјето на населението преку превентивно дејствување и соодветна институционална подготвеност.

Министерството за здравство, заедно со сите надлежни институции, ќе продолжи со редовно информирање и спроведување на мерките, со цел заштита на здравјето на граѓаните.